Македонија
4. August 2016 - 17:04

Завршија едномесечните археолошки истражувања на „Врбјанска Чука“

Неолитски станбени и стопански објекти, како и артефакти за зародишот на земјоделиеото, особено на одгледувањето и користењето на житото, кои датираат од пред осум илјади години, се првичните резултати кои се добија од едномесечните истражувања на новооткриениот архелошки локалитет “Врбјанска Чука”, во општина Кривогаштани.
 
Тимот од домашни и странски археолози, во оваа прва етапа, работеше на површина од 250 метри квадратни, но, како што тврдат, локалитетот е многу поголем заради што ископувањата ќе продолжат и наредната година.
 
Освен на овој локалитет, во изминатиот период, во оваа општина, за прв пат, се истражува и локалитетот “Локвенско Кале”, каде исто така откриени се вредни артефакти за периодот од 4-от век п.н. е. до 3-от век од нашата ера, дносно станува збор за десетина населби и две некрополи.