Македонија
27. November 2015 - 14:07

Заврна првиот снег на Кожув

Заврна првиот снег на планината Кожув за оваа сезона. Снежната покривка изнесува околу 18 сантиметри.

- Засега снежната покривка изнесува околу 18 сантиметри, но снежните врнежи и понатаму се интензивни. Очекуваме до крајот на денот согласно прогнозата за временските услови, снежната покривка да достигне од 25 до 30 сантиметри, изјави Ангел Наков, извршен директор на ски центарот „Кожуф“ компанија чие седиште е во Кавадарци.