Свет
22. April 2017 - 18:46

Засилени се безбедносни мерки за првиот круг на претседателските избори во Франција

Безбедносните ризици се надвија над првиот круг на претседателските избори, вклучувајќи ја и „џихадистичката закана“, оценета како „постојана и наметлива“, соопштија разузнавачките служби и Централната дирекција за јавна безбедност, јавува дописникот на МИА од Париз.

Околу 50.000 припадници на француските сили за безбедност ќе го обезбедуваат утрешното гласање на  69.245 гласачки места, каде се повикани да се појават  45,7 милиони гласачи во Франција и 1,3 милиони француски гласачи кои живеат во странство.

- Присуството на полицијата за време на отворањето на избирачките места е од суштинско значење, за што се предвидени посебни патроли за заштита на избирачките места. стои во соопштението што го објави весникот „Паризиен“.