Започна сеидбата на оризот во Виничко
Со зафаќањето на проточните води од реките Брегалница и Осојница во општина Виница започна сеидбата на оризовата култура. Поради лошата хидролошка состојба планот за пролетна сеидба во општината претрпе измени. Така од планираните 180 хектари под ориз во виничко, површините ке бидат намалени за 100 хектари на сметка на оризот, додека пченката се очекува пролетва да бидеа насеана на површина од 370 хектари.
Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Виница, истакнуваат дека намалувањето на површините под ориз за 100 хектари е неминовно и истите површини ќе бидат заменети со крск култури. Виничките оризопроизводители ги преполовуваат оризните ниви, не по нивна волја, туку по налог на природните временски услови.
Од Водостопанското претпријатие „Брегалница“ од Кочани истакнуваат дека се подготвени да ја прифатат проточната вода од реките и водотеците во општина Виница, за да бидат успешно насеани планираните 80 хектари под ориз.
Во Виничко, според изјавите на оризопроизводителите вакви рестрикции не се паметат во последните десетина години. До оваа година во Виница површините под ориз се движеа од 150-180 хектари, а сега се сведени на максимум 80 хектари. Освен пченката, на полињата во виничко пченицата и јачменот ке бидат засатпени со по 350 хектари, 35 ќе бидат под тутун, 122 хектари со индустриска пиперка, а во пораст се површините под грав кој ќе се сади на 40 хектари.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп