Балкан
28. July 2017 - 12:25

Запален автомобилот на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП во Косовска Митровица

Непознати лица рано изутринава го запалиле автомобилот на лидерот на граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица.

Пожарот целосно го уништил возилото на Ивановиќ, но никој не е повреден во инцидентот.

Припадниците на косовската полиција извршиле увид и според првичните резултати од истрагата, постои сомнеж дека станува збор за подметнат пожар.