Законот за јазиците се уште не е пристигнат во Службен весник
Законот за употреба на јазиците се уште не е пристигнат во „Службен весник“, изјави денеска директорот на ЈП „Службен весник“ Мартин Костовски.
- Се уште не е пристигнат законот во просториите на „Службен весник“. „Службен весник“ како одговорна институција ќе постапи согласно Уставот и законите што се однесуваат на објавување на сите прописи, рече Костовски на новинарско прашање по промоцијата на специјалното издание на Уставот на РМ изработен со Брајова азбука.
Запрашан да појасни какви се тие процедури, Костовски посочи дека засега не сака да шпекулира.
- Кога ќе стигне законот во „Службен весник“ ќе бидете благовремено известени. Како главен и одговорен уредник, воедно и како директор на „Службен весник“ ќе постапам во согласност со Уставот и законите, рече Костовски на новинарско прашање дали ќе биде објавен во „Службен весник“ законот без потпис на претседателот на државата.
Претседателот на Собранието Талат Џафери минатата недела најави дека има намера да го испрати Законот за употреба на јазиците за објавување до Службен весник, но не прецизира кога тоа ќе се случи.
Ново на Сител
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков
-
Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка
-
Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да се стават во опасност односите со Грција и ЕУ перспективата на земјата