Македонија
14. March 2018 - 20:41

Законот за албанскиот јазик изгласан - инцидент во Собранието помеѓу Груевски и Џафери

Со 64 гласа ЗА од пратениците на албанските политички партии и СДСМ Собранието го донесе законот за јазиците.

Целата постапка мина во тензична атмосфера со заобиколување на амандманите на ВМРО-ДПМНЕ во која само брзата реакција на обезбедувањето спречи физички контакт меѓу екс премиерот, Никола Груевски и Талат Џафери

Веднаш по завршувањето на седницата Џафери во изјава за медиумите објави дека законот е донесен но избегна да каже врз основа на кој член од Деловникот реши да не ги разгледува амандманите на опозицијата

Целата денешна седница ја следеа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои и покрај напорите не успеаа да го спречат донесувањето на овој според нив неуставен закон. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа комисијата за деловнички прашања да оцени дали има прекршување на собранискиот деловник но Џафери го одби овој предлог заедно со барањето да почне амандманската расправа.

Законот за јазиците скоро 9 месеци е во собраниска процедура.

Во чудна постапка, во која според Брисел беше злоупотребено европското знаменце ниту еден од 120те пратеници во Собранието не доби ниту можност да смени барем една буква од предложеното законско решение.

По донесувањето, експертската јавност најавува претставка до УСтавниот суд кој ќе ја има последната можност да одлучи каква ќе биде судбината на ова законско решение.