Заев: Штом ќе има решение за министрите јавноста ќе биде известена
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека веднаш штом ќе има решение за новите членови во Владата јавноста ќе биде известена, не изнесувајќи информации дали синоќа се одржал најавениот состанок со коалициските партнери.
- Знаете дека има испразнети пратенички места кои треба да бидат пополнети од ДИК. ДИК е во оставка, но треба да продолжи да работи додека Собранието не ги констатира оставките. Сите овие работи треба да бидат комплетирани за да можеме правно формално да ги спроведеме процедурите, вклучително и за комплетирањето на Владата, изјави премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
За тоа како ќе ја вклучи опозицијата во овој процес, која не учествува во работата на Парламентот и има свои членови во ДИК, премиерот истакна дека ќе биде отворена дебата и оти преку дијалог може да се најдат решенија.
- Ќе отвориме дебата и верувам дека постои можност секогаш низ дијалог да се најдат решенија, рече Заев, кој денеска во Собранието се обрати на настан во организација на Евро-атланскиот совет.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор