Македонија
2. December 2016 - 20:38

Заев: Планот „За живот во Македонија“ учебник за идната власт

Народот го чека 11 декември за да си ги врати слободата и демократијата, за да го врати животот во Македонија, порача вечерва од Валандово лидерот на СДСМ и носител на кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 4 Зоран Заев.

Заев ја претстави програмата на коалицијата „За живот во Македонија“ и ги повика сите граѓани, но пред се неопределните, да гласаат.

- Планот за живот ќе биде учебник за секој член на идната власт која гарантира достоинствен живот за сите во Македонија, истакна Заев на митингот во Валандово.

Лидерот на СДСМ упати и апел до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да излезе на дуел, да разговараат за, како што рече, економијата, младите, за вистината во Македонија.