Заев од ОН: Има шанси Грција да го надмине спорот за името
Македонија е ориентирана кон НАТО и ЕУ и сега е време да се надмине проблемот за нашето уставно име. Премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Генералното собрание на ОН, истакнувајќи дека новата Влада е посветена на демократијата и владеењето на правото, нагласи дека треба да се обидеме на позитивен начин да го надминеме овој проблем со Грција
Идната година мојата земја Македонија ќе одбележи 25 години од членството во Обединети нации. Многу е важно како во иднина ќе и се обраќате на нашата земја. Моментно двете земји Грција и Македонија, градат мерки за нова доверба. Имаме нова енергија да ги решиме проблемите. Сега е време да ги затвориме овие прашања. Високо го цениме придонесот на н. е. Метју Нимиц. Сметам дека постои можност Грција да го надмине проблемот со нашето уставно име.
Тој посочи дека владата има амбициозен план за реформи, чија што цел е забрзана интеграција на нашата земја во евроатлантските институции.
Последните неколку месеци силно промовираме нов пристап кон нашите соседи. Притоа сме целосно свесни и за нашите и за нивните национални интереси. Дозволете ми да го истакнам потпишувањето на добрососедскиот договор со Бугарија, што е од големо значење за двете земји.
Заев се осврна и на конфликтите кои се случуваат во светот, потенцирајќи дека мора да се понудат механизми за спречување на истите и дека иако постојат различни пристапи кон многу клучни прашања, само со обединетост може да се постигнат резултати.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
