Македонија
28. May 2017 - 22:02

Заев ја промовираше новата Влада - Еве кои ќе бидат министри во новата Влада

Новата Влада на Македонија ќе има 15 министерски ресорни места. Централниот одбор на СДСМ, вечерва на лидерот и новиот македонски мандатар му даде „зелено" светло до Собранието да ги предложи следните министри, меѓу нив се:

- Радмила Шеќеринска за министер за одбрана, Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, Драган Тевдовски министер за финансии, Никола Димитров министер за надворешни, Рената Десковска министер за образование, Љупчо Николовски министер за земјоделство, Мила Царовска министер труд и социјала, Роберт Алаѓозовски министер за култура, Дамјан Манчевски министер за информатичко општество и администрација, а Горан Сугаревски министер за транспорт и врски - изјави Заев.

Министри без ресор се Кочо Аѓушев, Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зорица Апостоловска и Зоран Шаповиќ.

Заев нагласи дека во најбрз можен рок до Собранието на Македонија ќе го прати составот на идната Влада. Рече дека до СЈО ќе прати писмо за проверка дали некој од кандидатите се под истрага, а кога ОЈО ќе биде права институција, ќе се консултираат и со нив, објави Плусинфо.