Заев: Изградбата на рудниците во Валандово ќе престане, здравјето е најважно

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска им порача на валандовчани дека Владата што тој ја предводи ќе застане на нивна страна и во интерес на нивното здравје ќе се спротивстави на изградба на рудникот Казандол во овој регион.
- Овие концесии за експлоатации и дел за геолошки истражувања се дадени од претходната власт. Ние ќе водиме мудри постапки, да не нанесеме милионски штети на државата, но едно да знаете - рудниците ќе застанат. Добро е да се подготви целиот менаџмент дека ќе престане изградбата на рудниците, затоа што тие носат лошо здравје, слаби перспективи и уништување на иднината на сегашните и на идните генерации, истакна Заев на средбата со граѓаните на Валандово.
Лидерот на СДСМ рече дека граѓанските организации кои се спротивставија на изградбата на рудниците имаат јасна и недвосмислена поддршка и порача дека заедно ќе го спречат отворањето на рудникот Казандол.
- Нашите ставови јавно ги кажуваме. Отворено застанавме со поддршка на граѓанските организации. Жал ми е што не успеавме досега, но тука сум јас да ви помогнам. Да успееме до крај. Јас сум економист, бизнисмен човек. Но, зарем има нешто поважно од здравјето на луѓето. Од здравјето на нашите деца. Нема ништо поважно од тоа. Затоа нашиот официјален став е да престане изградбата на рудниците, да престанат сите постапки околу рудниците, затоа што тоа не е иднината на овој бисер на земјоделието на Република Македонија, изјави претседателот на СДСМ кој денеска ги посети и жителите на Пирава и Јосифово.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
