Македонија
23. November 2017 - 16:31

Заев и Борисов не се мешаат во црковни работи, но охрабруваат на решение

Премиерите Заев и Борисов застанаа зад иницијативата за приближување на двете цркви и признавање на автокефалноста на МПЦ од Бугарската црква. Иако стојат на позициите за секуларност и немешање во црковните работи, сепак двајцата премиери ги охрабруваат двете цркви да ги следат политиките на градење доброссоседство.
 
Токму во таа насока денеска бугарскиот премиер беше пречека во струмичкиот манастир во Водоча, епархиско седиште на Владиката Наум. 
 
Борисов им бакна раце на дел од архиереите на МПЦ кои заедно со премиеро го пречекаа.
 
А по неколку дена молк и бугарските владици денеска почнаа јавно да го коментираат писмото на Архиепископот Стефан. Неговата содржина ќе се разгледува в понеделник, но сепак за крајна одлука БПЦ ќе оди на консултации, пред се со Црковна Москва.
 
Бугарскиот патријарх неофит од 1 до 8 декември ќе патува во Москва, иако оваа посета е однапред планирана сепак таа секако ќе биде искористена за консултации.
Според најавите на бугарските владици ова прашање најверојатно ќе добие конечен одгвор до крајот на годината.