Заев ги прими ракометарите на Вардар
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со ракометарите на Вардар кои го освоија првото место во Лигата на шампиони, со раководството на клубот, како и со претседателот и претставници на Ракометната федерација на Македонија.
Заев од името на Владата, како што соопшти владината прес-служба, им врачи Плакета за благодарност на ракометарите на Вардар.
- Во име на граѓаните на Македонија Ви благодарам за радоста што ни ја овозможивте на сите нас. Вашиот успех е амбасадорска промоција на Македонија, не само во Европа, туку и во светот. Исто така вашиот успех е мотив Владата силно да го поддржи спортот, рече Заев.
Тој најави можности за практично инвестирање во спортот, преку ваучери што ќе ги издава Министерството за финансии на спортските клубови, законска поддршка на спортот како професија, со што ќе се овозможи пензиско и здравствено осигурување на спортистите и посветеност на новата Влада да го обезбеди заслуженото достоинство на спортот во Македонија.
На средбата, како што е наведено во соопштението, биле отворени некои проблеми со кои се соочуваат спортските клубови, во делот на финансирањето и условите за работа, а станало збор и за начините на нивно решавање.
Ракометарите, сопственикот на ракометниот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, ја поздравија определбата на премиерот Заев и на новата Влада за поддршка на спортот во Македонија.
Тие на Заев му подарија еден од шампионските златни медали добиени од Лигата на шампиони, како и дрес на Вардар на којшто е испишано неговото име.
На средбата е договорена натамошна соработка во духот на поддршка и развивање на ракометот и спортот во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци