Заев - Џонсон: Британија останува партнер на Балканот

Премиерот Зоран Заев во Трст се сретна со Борис Џонсон, министер за надворешни работи на Обединетото Кралство кој ја претставуваше британската премиерка Тереза Меј на Самитот за Западен Балкан, соопшти владината прес-служба.
- Високиот британски дипломат Џонсон изрази јасна и голема поддршка на новата Влада во Маедонија, во име на Велика Британија и премиерката Меј. Оценката што ја соопшти министерот за надворешни работи, Џонсон е дека Македонија е конечно на вистинскиот правец и најави дека Велика Британија ќе направи се што може да и помогне на нашата држава за влез во НАТО и во ЕУ, информира Службата за информирање во Владата.
Британскиот министер Џонсон соопштил дека Британија останува партнер на Балканот и активен поддржувач на демократските процеси, како и дека пријателството со Македонија е клучно во реализацијата на оваа важна цел.
Премиерот Заев изразил благодарност за огромната поддршка од Велика Британија за Македонија и рекол дека новата Влада ќе ја оправда добиената доверба преку посветена работа на демократски развој на Македонија и на регионот.
- Владата дефинираше временска рамка за итните реформски приоритети важни на интеграциските процеси во НАТО и ЕУ и одговорно ќе спроведе квалитетни реформи, затоа што граѓаните на Македонија заслужуваат евроатлантски перспективи, рекол премиерот Заев.
Од Владата потсетуваат дека присуството на Самитот во Трст на премиерот Заев, придружуван од неколку министри, донесе Договор за транспортната заедница, чијашто потписничка е и нашата држава и ќе значи олеснето поврзување на граѓаните на Македонија со регионот.
- Но она по што е значаен Самитот во Трст се и бројните билатерални средби што ги оствари премиерот Заев на највисоко политичко ниво, со светски и регионални лидери, кои испратија многу конкретни, јасни и прецизни пораки на целосна поддршка на премиерот Заев и на новата реформска Влада во Македонија. Средбите на маргините на Самитот и самиот Самит покажаа дека во претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и во новата Влада на Република Македонија се гледа како на мотор во регионалниот развој, во што се посочува клучот за евроатлантските перспективи на Македонија и на Западен Балкан, соопшти прес-службата на Владата.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
