Заев денеска во Берлин на средба со Меркел
Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.
Средбата е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија.
По средбата, како што соопшти владината прес-служба канцеларката Меркел и премиерот Заев ќе имаат заедничка прес - конференција.
За време на посетата во Берлин, предвидено е македонскиот премиер да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.
Заев ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.
Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ - Западен Балкан“.
Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа