Македонија
23. March 2022 - 16:38

Заборавени објекти среде Скопје - Ќе се изгради ли несудениот дом на Финки и Факултетот за физичка култура?

Информатичките струки во подем, наставата во „подрум“. Седум години најбараниот факултет ФИНКИ мака мачи како да обезбеди услови за студирање на своите студенти. Развојот на информатичката технологија го зголеми интересот за студирање на ФИНКИ, но не го разбуди интересот кај надлежните да ги подобрат условите во кои се образуваат идните програмери. 

Додека раководсатвото ја чека ветената зграда кај комплексот факултети на Бит Пазар, наставата се одвива во простории за кои плаќаат кирија. 

Нова зграда чека и факултетот за физичко образование. 

Иако кампусот на УКИМ после долги години доби спортска сала но затворена за употреба. Нефицијално објектот немал имотен лист. Деканката на ДИФ вели дека постојано реагираат кај надлежните, но резултат нема.. 

Разочарани се и студентите кои се приморани постојано да се приспособуваат кон моменталната ситуација.

Градежната руина не само што го нагрдува центарот на градот туку го отежнува и влезот на кампусот. 

Од МОН кои се финансиери на проектот за две нови згради, не се заинтересирани да зборуваат за градилиштето на УКИМ.

Сител два дена чека одговор - до каде е постапката за конечно довршување на објектите. Интересот е сличен и кај раководството на УКИМ. Нема одговор на кој начин Ректорот „притиска“ неговиот кампус конечно да го добие изгледот кој го заслужува. 

Извори за Сител велат дека наводно во план било да се направи ревизија на проектот за да се измени фасада која требаше да биде во барокен стил. Фирмата која го доби тендерот од 20 милиони евра заврши во стечај, оттогаш секој нареден министер кој ќе стапеше на функција ветуваше доизградба која никогаш не се  реализира.