Бизнис
21. March 2018 - 12:57

За седум дена Владата повторно ќе расправа за Казандол, се докомплетира докуметацијата

Потребно е докомплетирање на документацијата за еднострано раскинување на договорот со концесионерот на „Казандол“ и за седум дена, на следната владина седница, повторно ќе се разговара за овој рудник.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека на вчерашната владина седница е донесен заклучок оти е неоходно докомплетирање на документацијата.  

- Се работи за специфичен процес. Мораме да имаме издржано и целосно максимално правна аргументација за еднострано раскинување на договорот. Потребно е докомплетирање со уште два документа кои во моментов не би можеле да ви кажеме кои се. Меѓутоа тоа ќе се случи во наредните седум дена и на следната владина седница повторно ќе разговараме за Казандол, истакна Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.