Македонија
25. February 2018 - 16:34

За развој на планинарски туризам е потребна професионализација и стандарди

Професионални стандарди за безбедност и квалитет на услугите се едни од предусловите за развој на планинскиот туризам во земјава кој изминативе години е во подем.И покрај апелите од меѓународната асоцијација на водичи сепак постојат значителен процент тури кои се водени од несоодветно обучени лица. Тие повикуваат и на поголема одговорност и контрола од страна на инспекторите по туризам .

Водичите на планина сметаат дека потребно е да се направи разлика помеѓу спортска планинарска активност и туристичка активност на планина поради различни стандарди.

Деновиве на Попова Шапка беше спроведена зимска експертиза од страна на меѓународната унија на професионални водичи во планина на која присуствуваа 26 кандидати  .Инаку според проценките на експертите во земјава има потреба од околу 400 добро обучени, лиценцирани водичи кои во соработка со туристичките агенции ќе можат да понудат квалитетни туристички производи.