-->
-->
За носталгичарите – ретро тастатура
-->
Компанијата „Лофри" ја претстави својата нова пренослива тастатура која многу наликува на оние првите машини за пишување, коишто несомнено биле и главна инспирација за креаторите.
Новиот додаток за компјутери е во светли пастелни бои, а има вградено и светло за во темни простории. Благодарение на круглите тастери, тоа изгледа, но и звучи баш како старите машини за пишување од 18., 19. век.
Тастатурата одговара и на ПЦ и на „Мекинтош“ уредите, како и на уредите кои користат „Андроид“ и „ИОС" оперативни системи.
Во продажба ќе биде пуштена на 7 март. Промотивната цена е 59 долари, а подоцна ќе изнесува 100 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток