За една недела две пресуди за промена на пол - трансродви лица добиваат право да бидат евидентирани како жени
По три години расправа управниот суд во една недела донесе две пресуди кои им го менуваат животот на трансродовите лица во Македонија. Со одлуката им се налага на управните служби да извршат промена во матичната евиденција во ознаката за пол и матичниот број. Ова се првите две пресуди во Македонија кои треба да ја промената досегашната постапка на државните органи.
Трансродовите лица поради досегашната пракса, велат од коалицијата која се грижи за нивните права, досега трпеле огромни притисоци и проблеми соочувајки се со барањата на административците за користење на со закон гарантираните права.
Во Македонија околу дваесетина трансродови лица се обратиле за помош кај коалицијата, но само шест одлучиле да поведат судски спор. Досега само едно трансродово лице, во 2011 година успеало да изврши промена во личните документи без да биде одбиено во постапката од управните служби.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
