Македонија
25. March 2016 - 17:12

Втората дијалог платформа за управување со цврстиот отпад

На втората дијалог платформа за управување со цврстиот отпад за регионот Дрина-Тара-Сава, која два дена се одржува во Бања Ковиљача, Србија, пред присутните претставници на ресорните министерства, општините, јавните комунални препријатија, приватни оператори и граѓанскиот сектор, се презентира извештајот за направените анализи за влијанието на пливачкиот отпад врз економијата и животната средина.

Влијанието е монетаризирано во парични средства, така што учесниците стануваат свесни, која е вредноста на влијанието, односно обратно, можат да размислуваат наместо тие губитоци, како тие пари би ги инвестирале во псречување на проблемот- изјави Хари Шутоски, проект менаџер-ГИЗ ОРФ ММС

Средствата потребни за чистење или одстранување на отпадот од утврдените критични локации  се енормно големи, што само по себе говори за каков регионален проблем станува збор и за неоходната итна интервенција во негово што поскоро надминување.

Тоа е еден катастрофален податок за тоа колку пари се потребни да би се намалил тој смет, кои го создаваат луѓето кои овде живеат, бидејќи тие суми се едноставно неверојатни. Јас до денес за половина работи не знаев дека тие толку многу чинат- изјави Арна Угљен Копиќ, стручен советник за туризам при министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ

Кога би се систематски решавало, колку средства би се заштедиле за некои други потреби и за некои други прашања кои ни се исто така важни. Значи мораме да се бориме против тоа и едноставно да најдеме начини, систематски и во најбрз можен ро , тоа прашање да се реши-изјави Јасминка Диздаревиќ, Претседател на Здружение на граѓани „Еколошки покрет“-Лим, Црна Гора

Од друга страна голем финасиски импакт врз локалните економии има чистењето на хидроцентралите, во чии вешташки акумулации завршува најголемиот дел од пливачкиот отпад кој освен што остава лош визуелен впечаток, ја оштетува и опремата за производство на електрична енергија. Ова е посебно изразено во време на висок водостој на реките, кога по скалест принцип отпадот транзитира долж речните корита во целиот регион.

Сликата која може да се види во езерото Перучац во одредени временски интервали се навистина неверојатни. Тоа е страшно-изјави Вера Благојевиќ, Соработник за инвестии и јавни набавки,  КП „Златибор“ од О. Чајетина, Србија

Колкаво значење има неадекватното управување со отпадот врз развојот на туризмот, посебно за привлекување на странски гости, говори и уште еден поразителен податок, односно од 10 анкетирани туристи кои го посетиле регионот, 8 се изјасниле дека повторно нема да дојдат.