Македонија
25. August 2016 - 10:50

Втор обид за избор на 5-от член на Комисијата за следење на медиумското претставување

Денеска се очекува да биде избран петтиот член во ад-хок телото за медиуми. Извори од двете политички партии велат дека во текот на денешниот ден ќе се направат напори да се затвори и последната точка од договорот кој беше потпишан на 20 јули.

Вчерашните разговори заглавија откако членовите не можеа да се договорат кој ќе им се приклучи во телото за медиуми.

Се уште нема информации кога би се одржала наредната средба, но како што дознава Сител во моментов течат интензивни разговори меѓу партиите и членовите на ад-хок телото