Врховен суд треба да се изјасни по жалбите за притвор за обвинети во „Таргет” и „Тврдина”
Врховниот суд денеска треба да се изјасни по жалбите на решенијата на Апелацискиот суд Скопје за определување притвор за три лица обвинети во предметите „Таргет” и „Тврдина” на Специјалното јавно обвинителство.
Врховниот суд соопшти дека петчлениот совет вчера ја почна седницата за разгледување на жалбите и оти одлуката по нив ќе биде донесена на денешното продолжение на седницата.
Апелацискиот суд на 18 јули ја уважи жалбата на СЈО и ги преиначи првостепените решенија и заради обезбедување присуство во кривичната постапка им определи мерка притвор на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“. Мерката притвор не беша активирана бидејќи тројцата поднесоа жалби до Врховниот суд, кој денеска треба да се изјасни по нив.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата