Врескаше од болка, повеќе немаше прсти: Детали од страшните сцени во Париз, фотограф остана без рака на протестите на Жолтите елеци
На саботниот протест на Жолтите елеци пред Народното собрание во Париз на еден демонстрант му е откината десната рака и пожарникарите итно го префрлија во болница.
Евакуиран е со десната подлактица во дебели завои и причината за така тешката повреда засега официјално не е соопштена, но се шпекулира дека граната ГЛИ-Ф4 му ја повредила раката.
Еден од сведоците тврди дека настрадал од граната која полицијата ја користи за сузбивање на нередите и со кои се обидела да го пречи пробивањето на демонстрантите кон Народното собрание.
„Жртвата е фоторепортер и припадник на Жолтите елеци кој ги снимал демонстрантите“, рече Сипријен Ројер.
„Полицијата фрли граната и фотографот ја прекри со раката за да не му експлодира на нога. Го наместивме на страна и повикавме итна помош, не изгледаше добро. Врескаше од болка, повеќе немаше прсти и поголем дел од рачниот зглоб“, додаде тој.
Неколку судири меѓу полицијата, која употреби пендреци и бибер - спреј, и поддржувачите на Жолтите елеци избија на Елисејските полиња. Во еден момент полицајците ги опколија демонстрантите.
Повредениот маж итно е префрлен во болиниа. Гранатата со солзавец ГЛИ-Ф4 содржи експлозивно полнење од 25 грама ТНТ. Француската полиција ја користи од 2011 година.
Денешниот протест набрзо прерасна во судир на полицијата и демонстрантите. Пријавени се повеќе судири на Жолтите елеци и полицијата во кои е користен солзавец, а на социјалните мрежи кружат фотографии од крвавите демонстранти со коментари дека полицијата била исклучително брутална.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар