Времето во Македонија ќе биде сончево и топло
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот во северните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален краткотраен дожд и со ретка појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 28 до 35 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 32 степена.
УВ-индекстот ќе изнесува 7.
Утре, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места ќе има услови за невреме проследено со засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во јужните и источните делови на земјата. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи од 24 до 31 степен.
Ново на Сител
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори