Македонија
12. February 2016 - 8:22

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремен дожд

Времето во Макеоднија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено попладне во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од четири до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе достигне до 13 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во сабота, кога повремено ќе дува и засилен јужен ветер.