Македонија
5. March 2024 - 18:53

Возило удрило во маж кој јавал домашно животно - возачот побегнал

На 03.03.2024 во 18.33 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Р.(53) од с.Парналија, општина Карбинци, соопшти МВР.

По преземени мерки од полициски службеници од СВР Штип било утврдено дека во 11.30 часот на некатегоризиран пат од с.Кучица кон с.Парналија, М.Р.(53) јавал домашно животно и притоа се разминал со неколку возила, при што едно од возилата го удрило животното и тој паднал и се здобил со повредите.

Лицето кое го управувало возилото, без да му пружи помош, го напуштило местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.