Македонија
8. August 2016 - 17:53

Волонтери за помош при расчистување на штетите од Велес

Велешани помагаат во санирање на штетите од поплавите во Скопје. Комуналното претпријатие Дервен испрати своја екипа која помага на луѓето од поплавените подрачја.

Членови на општинскиот Црвен крст и вчера помагаа во поплавените подрачја. објаснуваат дека состојбата е исклучително лоша и потребно е поголем број на луѓе во расчистување на штетите.

Освен стручни екипи, во пружањето помош може да учествуваат и доброволци. Локалните власти понудија превоз и организација за луѓето кои сакаат да помогнат.

Во тек е и хуманитарната акција за собирање вода, храна и средства за лична хигиена.

Од локалната самоуправа најавиа дека и во следните денови ќе продолжат со акцијата за помош во поплавените скопски општини.