Македонија
25. November 2015 - 16:28

Водењето на бременоста кај трудниците од 1. септември целосно бесплатна во јавното здравство

Од први декември бременоста ќе биде целосно бесплатна. Од првиот преглед до породувањето осигурените жени нема да платат ниту денар партиципација.

Овој период надлежните ги известуваат сите јавни здравствени установи како и ординации кои работат со Фондот дека не смеат да ги наплатуваат прегледите и лабораториските анализи неопходни за трудниците.

За неосигурените оваа мерка ќе важи од први јануари преку посебна програма. Парите и за едните и за другите ќе ги покрива Министерството за здравство.

Истиот период е предвидено да стартува и мобилната гинеколошка амбуланта. Прва дестинација ќе и бидат неколку села од беровскиот регион каде има голем број необразовани и жени во социјален ризик.

Во меѓувреме лоцирано е дека во 12 здравствени установи има празни гинеколошки ординации. Министерството за здравство во нив еднаш неделно ќе праќа гинеколог од регионалните болници во рамки на проектот Наш Специјалист.