-->
-->
Водата е исправна во „Мермерното езеро“ кај Прилеп
-->
Водата во таканареченото „Мермерно езеро“ кај Прилеп е исправна за капење и е од прва категорија, велат од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Директорот на оваа установа Гоце Ингилизов нагласува дека ја испитале биолашката и хемиската исправност на водата по барање на локалната самоуправа и на граѓаните меѓу кои стана атракција и оваа вепштачка акумулација е многу посетена.
- Повеќето физички параметри кои ги испитуваме се од прва категорија на безбедни води за пливање, освен тоа што водата е нешто поматна и помал е вкупниот кислород во неа, но не претставува никаква опасност за здравјето. Водата е микробилошки исправна за капење, во моментов нема никакви загадувања, вели Ингилизов.
Од Центарот за јавно здравје велат дека на секои 15 дена ќе ја испитуваат водата, но препорачуваат внимателност зашто иако езерото е на територија на РМ , сепак нема стопанственик кој би го одржувал.
Деновиве, потврдуваат и од Центарот за јавно здравје, македонските нуркачки клубови „Акватек“ и „Врело“ биле кај „Мермерното езеро“, го истражувале и, според нив, е длабоко околу 15 метри, а температурата е од 8 до 22 степени Целзиусови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска