Македонија
8. December 2016 - 21:01

Воасин: Програмата „Реално“ е заснована на еден биланс на кој многу земји може да ви позавидат

Мишел Воасин пратеник во национално собрание во Франција над 28 години и шеф на француската делегација на парламентарно собрание на ОБСЕ на вечерашниот митинг во Гази Баба истакна дека Македонија е држава во која се слуша и почитува гласот на народот.
 
-Ја прочитав програмата која ја предлага ВМРО-ДПМНЕ. Структурирана програма, во која е вложен голем напор и не е програма која продава магла во очи. Секако дека се заснова на вредностите, ова програма е заснована врз база на еден биланс на кој може да ви позавидат многу земји во светот. Вие сте прва земја во светот која има најниска стапка на даноци и би сакал тоа да остане што е можно подолго. Вие сте една од 10-те земји во светот каде јавниот долг е помал од 50 проценти од БДП. Една земја како Франција може да ви завидува на тоа, бидејќи кај нас јавниот долг достигнува скоро 100 проценти од БДП. Имате програма која се базира на личната иницијатива и намалувањето на невработеноста. Може да ви позавидиме и за тоа што невработеноста за десет години е падната за 14 проценти. Ви честитам, посочи Воасин.
 
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Македонија ја имаат целосната поддршка од републиканската партија на Франција  за што побрз влез на земјата во ЕУ и НАТО. Воасин исто така се заблагодари и за одличните мерки и чекори кои Македонија ги спроведе за време на мигранстката криза.