Македонија
15. October 2017 - 9:19

Во Зрновци и Чешиново-Облешево се гласа од 7 часот

Во општина Зрновци утрово точно во 7 часот се отворени четирите избирачки места.

- Гласањето се одвива без инциденти во мирна и фер атмосфера. Во единстевниот ибирачки список на општина Зрновци се запишани 2628 граѓани со право на глас, информира Светлана Димитрова, претстедател на ОИК Зрновци.

И во општина Чешиново-Облешево гласањето се одвива без проблеми. На 13 избирачки места од седум часот изутрина се гласа, а своето право на глас се оекува да го искористат 5695 граѓани на општина Чешиново-Облешево, информираат од ОИК на оваа општина.