-->
-->
Во Велешко во тек есенската сеидба
-->
Во велешкиот регион привршува седибата на јачменот, а почна и сеидбата на пченицата. По паузата од обилните дождови минатата недела, сега времето е поволно за сеидба, а и влагата од дождот добро ќе дојде за зафаќање на житните култури, велат земјоделците. Годинава се планира со јачмен и пченица да бидат засеани околу 7.000 хектари што е 25 до 30 отсто помалку од лани.
Причина за намалувањето на површините е ниската откупна цена на јачменот и пченицата. Голем број производители, поради тоа што немаа услови за чување, мораа пченицата да ја продадат како добиточна храна на сточарите по осум денари за килограм со што, нагласуваат, не можат да ги покријат ни најосновните трошоци за производство.
Земјоделците од Ивановци, едни од најголемите производители на пченица, бараат надлежните да го прекинат увозот на пченица зашто тоа, велат, ја намалува цената на домашното жито.
Според земјоделците, годинава нема проблеми со квалитетен семенски материјал, гориво и вештачки ѓубрива како важни услови за добра сеидба.
Највеќе површини како и изминатите години, се очекува да бидат посеани на нивите кај село Иванковци, на површините на ЗК „Вардар“ од Градско и во селата Чашка, Ногаевци, Горно Оризари и Извор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен