Македонија
8. September 2018 - 10:18

Во Велес концерт на староградски песни по повод Денот на независноста

Во организација на општина Велес синоќа во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес се одржа концерт на староградски македонски песни.

На концертот учествуваа домаќините, ансамблот „Распеани велешани“ и ансамблите „Распеани гевгеличани“, „Распеани радовишани“ и „Распеани валандовчани“. 

Сите овие реномирани ансамбли од државата настапија со сплет стари и понови староградски македонски песни.

Концертот се одржа по повод 8 Септември- Денот на независноста на Република Македонија.