Македонија
30. November 2016 - 14:51

Во Струшко засадени 8.000 дрвца црн бор

На местото викано Попов камен во Струшко денеска беа засадени 8.000 садници црн бор во рамки на 17. акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.

Во акцијата пошумуваа екипи од подружницата на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, кои, според директорот Жарко Бебекоски, од предвидените 16.000 засадиле половина, поради ниските температури, а остатокот ќе биде засаден утре.

- Овој регион пред две години беше зафатен од пожар и садниците што беа засадени изминатите години, каде имаше успешност од 90 отсто изгореа. Сега повторно го раззеленуваме, истакна Бебекоски.

Според него, од досегашните акции имало 60 до 70 проценти зафатеност.