Во Струга вработени 110 десет лица преку проектот „Македонија вработува“
Во Струга 110 лица се вработени, а за 20 се чека административно процесирање на барањата преку владиниот проект „Македонија вработува“, информира денеска раководителот на Центарот за вработување Џевид Зиба.
Резултатите, според него, се задоволителни, а во наредните два –три дена очекува одобрување и на доставените барања.
- Потребно е по доставувањето на барањата за врбаотување од фирмата да поминат законски пет дена за да се вработи лицето. Од фирмите бараме потврда за поминати плати и подмирени обврски во Управата за јавни приходи за што е потребно одреднео време, појасни Зиба на промоцијата на проектот „Македонија вработува“ во Струга.
Ги повика работодавачите да го посетат штандот на Агенцијата за вработување и да се информираат за содржината и понудата на проектот.
- Оние што не се во можност да го посетат штандот на Агенцијата потребните информации можат да ги добијат секој ден во Центарот, рече Зиба.
Преку владиниот проект „Македонија вработува“ досега во Македонија се вработени 3.850 лица. Со проектот се вработуваат невработени лица до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, како и лица од ранливите категории граѓани, примателите на социјална парична помош, самохраните родители, родителите на 3 или повеќе деца, деца без родители и родителска грижа и родители на децата со пречки во развојот. Целта е намалување на невработеноста во државата, креирање нови работни места и зголемување на животниот стандард на граѓаните.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата
-
ЦУК: На 112 изминатото деноноќие 1951 повик, меѓу кои и за спасување жена падната покрај пат
-
САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари