-->
-->
Во пожар во целост изгоре зградата на парламентот на Камерун
-->
Зградата на Парламентот на Камерун е целосно уништена во пожар што изби во текот на ноќта.
Пожарникарите дошле на местото два часа откако пожарот избувнал во зградата во главниот град Јаунде. Нема извештаи за жртви во пожарот. Полицијата засега не соопшти за причините за пожарот.
Јавниот радиотелевизиски сервис ЦРТВ соопшти дека сведоци на настанот изјавиле оти пожарот беснеел на третиот и четвртиот кат од зградата.
Неколкумина пратеници од сите партии и административни органи помагаат во распоредувањето на пожарникарите за да го запрат огнот, кој веќе уништи четири спрата од административниот блок на објектот, беше објавено на државната телевизија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот