Во поплавите во Шри Ланка загинаа 103 лица, 230 илјади се раселени
Индија се вклучи во пружањето помош на Шри Ланка, откако во монсуснските поплави загинаа најмалку 103 лица, а околу 230 илјади мораа да ги напуштат своите домови. Вкупно 113 лица се сметаат за исчезнати.
Поројните дождови предизвикаа големи поплави и свлечишта во јужниот и во западниот дел на Шри Ланка, а во пружањето помош учествува и војската, која со авиони го спасува населението и на локалните жители им ги доставува неопходните продукти.
Министерот за внатрешни работи предупреди на опасноста од нови поплави и апелираше на жителите кои живеат во пониските подрачја да се префрлат во повисоките делови на земјата.
- Имаме информации дека постојат области каде ни хеликоптери ни чамци не можат да пријдат, посочи министерот, дополнувајќи дека Владата донела 10.000 појаси за спасување за луѓето кои се заглавени, а се уште не можат да бидат евакуирани.
Ново на Сител
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел