Македонија
25. May 2017 - 19:16

Во Кумановскиот суд продолжи рочиштето за смртта на четиригодишниот Алмир Алиу

Во Основниот Суд Куманово денеска продолжи рочиштето  против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го товари дека на 25 јуни минатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом.

Осомничениот се товари дека прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидриќ“. За истиот настан против три други лица, таткото на детето Седат Алиу,Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.

На денешното рочиште по втор пат на барање на полномошникот на оштетените, мајката на детето и на барање на бранителот на тројцата обвинети исказ даде вештакот од Универзитетската клиника за невропсихијатрија, кој повтори дека по разгледувањето на дополнетите искази не го менува мислењето кое го даде во март на едно од рочиштата, односно дека обвинетиот не бил во душевно растројство, но бил под влијание на страв. На ова реагираа полномошникот на оштетените и адвокатот на тројцата обвинети дека исказот на вештакот е непрецизен, контрадикторен и оти неговиот исказ оди во корист на обвинетиот.

Вештакот од Универзитетската клиника посочи дека незадоволната страна може да побара супервештачење или вештачење од друга инстанца.

Денеска, на барање на Обвинителството исказ даде и вешто лице од Бирото за судски вештачења, кој рече дека на крстосницата каде се случил настанот, видливоста е незадоволителна, речиси никакава, настанот се случил во ноќни часови, брзината со кое се движел „мерцедесот“ со кој управувал возачот Бобан Илиќ се движел со неприлгаодена брзина од 38.9 километри на час. Воедно потенцираше дека ветробранското сталко е трослојно, така што и покрај ударот тоа не се распрскува и според вештото лице не ја онезвозможува прегледноста.

На исказот на вештото лице, реагираше адвокатот на обвинетиот, кој рече дека исказот е најесен и контрадикторен.

На наредното рочиште закажано за јуни исказ ќе даде технички советник од истата област, ангажиран од адвокатот на обвинетиот. Адвокатот на мајката најави дека ќе предложи нови сведоци на настанот, како и реконструкација на движењето на возилото.