Во Индија силувано и брутално убиено шестгодишно девојче
Полицијата во Индија сослушува неколку лица во врска со брутално силување и убиство на шестгодишно девојче во северната држава Харјана.
Телото на девојчето било пронајдено во близина на куќата од каде било киднапирано на 8 декември годинава.
Унакажаното тело и грозоморното злосторство ја шокираа целата земја и предизвикало бес кај населението.
Мајката на девојчето изјави дека бара правда. - Полицијата се уште не уапсила никого, изјавила мајката на Би-Би-Си.
Засега се приведени тројца роднини на таткото, но никој не е осомничен.
Поради притисокот на јавноста, Владата формира специјален тим за истрага.
Локалното население излезе на протести и семејството на жртвата бара истрагата да ја преземат државните истражни органи затоа што не и веруваат на локалната полиција.
Семејството и локалното население и поставија ултиматум на полицијата барајќи брза реакција или „протестите ќе ескалираат“.
Поради честите силувања и сексуалните злоставувања во Индија, граѓаните се почесто бараат построги казни, вклучувајќи и смртна казна за силувачите.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена