-->
-->
Во Германија забранета салафистичка организација
-->
По претресот на околу 200 деловни простории и домови во десет покраини, германските власти ја забранија исламистичката салафистичка организација „Вистинска религија“ која што според нив е одговорна за инспирирање и испраќање на 140 млади луѓе во редовите на Исламската држава во Сирија.
Забраната ја објави министерот за внатрешни работи на Германија Томас Де Мазиер, јавува дописникот на МИА од Берлин.
„Како федерален министер денеска ја забранив организацијата „Вистинска религија. Не прифаќаме и нема да толерираме активности на оваа мрежа", изјави Де Мазиер кој наведува дека со забраната е со цел да се спречи злоупотреба на религијата и екстремната реглија.
Лидерот на оваа организација Ибрахим Абу Наџи е познат по неговата кампања за дистрибуција на Куранот во секое домаќинство во Германија, Швајцарија и Австрија. Тој е роден во Газа во Палестинна по што на 18 години се преселил во Германија каде што добил државјанство и со години е активен во салафистичките кругови. Салафисмот во Германија се смета за ултрафундаменталистичко движење кое што нема толеранција за останатите релгии и умерени исламски школи.
Германија во последниве десетина години забранила неколку исламистички организации меѓу кои во 2014 година и „Исламската држава“ и џихадистичката група „Таухид Германија“. Тие и другите активни исламистички организации во Германија помогнале во траннсферот на над 830 германски државјани кои што заминале да се борат во конфликтите во Сирија и Ирак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател