Во Брисел средба Ципрас-Трамп
Грчкиот премиер Алексис Ципрас имал кус разговор со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот на НАТО во Брисел, јавуваат грчки медиуми.
- Набљудувам што се случува. Бележите раст и тоа е исклучително. Грција е една прекресна земја, со прекрасни луѓе, изјавил Трамп на средбата со Ципрас.
- Имав можност да разговарам со американскиот претседател Доналд Трамп на средбата во Брисел, напиша Ципрас на Твитер.
Грчкиот премиер одговорил на позитивните коментари на американскиот претседател, нагласувајќи дека Грција се обидувала да се справи со кризата и во моментов се наоѓа во една многу важна фаза, на која треба да бидат донесени критични решенија за да биде помогнат процесот на раст и развој на земјата и нејзината економија.
На самитот во НАТО во Брисел Ципрас имал средба и со италијанскиот колега Паоло Џентилони.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест