Во 35 отсто од случаите причина за болестите кај населението е загадениот воздух
Во 35 отсто од слуачите причина за болестите кај населението е загадениот воздух. Во просек над 1300 луѓе годишно умираат поради зголеменото количество на штетните честички.
Ова се резултатите од наодите од студијата спроведена во скопскиот регион кои ги презентираше Институтот за јавно здравје на МАкедонија во соработка со финскиот институт.
- Голем е товарот на оние болести кои се поврзани со аерозагадувањето: исхемичната болест на срцето, мозочниот удар и ракот на белите дробови. Три болести кои можат да се поврзат со аерозагадување се водечки причини на смрт на подрачјето на Македонија, што повторно не претставува како една од водечките земји во оваа насока. Вкупно околу 70.000 години на живот се губат во целата популација како ефект од аерозагадувањето.
Ѓорѓев вели дека пиковите се во зимскиот период кога аерозагадувањето е на највисоко ниво. Одговорноста за загадениот воздух е на сите, најпрво секој индивидуално треба да промени нешто во своето однесување а потоа и локалната и централната власт вели професорот.
Има цела серија мерки кои треба да се преземат. Се уште истражуваме како да ја смениме свеста.
Експеротот од Финска вели дека една од главните работи историски гледано кои во нивната држава усеале да ги направат е промоцијата на централното парно греење како најефикасно решение.
Работилница се одржа на Медицинскиот факултет во соработка со претставници од Финска, во рамки на Твининг проектот за јакнење на капацитетите за ефективна имплементација на законодавството на ЕУ за квалитет на воздухот. Во истражувањето е земен три годишен период но велат подобро би било да се продолжи периодот на студијата за повалидни резултати.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар