Македонија
22. February 2017 - 16:21

Во 2016 година над 1 милион и 665 илјади граѓани во Македонија или вкупно 96 проценти од населението користеле здравствена услуга

Дури 96 проценти или над 1.665.000 од македонските граѓани во 2016 година користеле здравствена услуга, покажува годишната анализа на Мој Термин. Најстарата пациентка е 106 годишна жена од Скопје. Таа на крајот на минатата година била на невролошки преглед.

Лани кај матичните лекари имало 18.392.000 пациенти, креирани се и над 9 милиони упати,најчесто за кај специјалист, лабораторија и рендген. Но 299.500 граѓани не отишле на закажаниот термин.

- Пресметано во часови тоа се 107.000 изгубени работни часови, бидејќи истото тоа време можело да се искористи за преглед или снимање на некој пациент кому здравствената услуга му била понеопходна, изјави Милан Аризанкоски, директор на Управата за електронско здравство Мој Термин.

Минатата година најмногу прегледи во еден ден вкупно имало на 4 април. Тогаш на лекар биле вкупно 87.460 пациенти.