ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија нема вакцини, ама има повеќе од три илјади починати од корона
На лагите кои ги кажуваат надлежните им нема крај!
Заев и Филипче велат ќе има околу 20 илјади вакцини против корона од Фајзер. Пендаровски вели разговаравме со Фајзер и воопшто немаа во план да работат со нас мал пазар била Македонија!
Ова веќе помеѓу нив очигледно е прашање кој повеќе ќе излаже.
Но, фактот е еден има незначителни дози на вакцини и тоа дел се донација од Србија, а три илјади се набавени од Русија.
Поради желбата за провизии на Филипче и Заев и покрај уплатен аванс за кинески вакцини, Македонија остана без истите. Кина им порача не го почитувавте протоколот, кај нас не може да набавувате вакцини преку фантом фирми.
И не само тоа, Македонија остана без средства од европските фондови.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен кажа дека се поделени 530 милиони евра за справување со последиците од корона кризата, ама поделени се на 19 земји меѓу кои ја нема Македонија.
И додека власта прави пропусти на секој чекор, бројката на заразени со корона секој ден се зголемува. Се зголемува и бројот на починати и достигна 3.280 лица.
Сето тоа се случува поради неспосoбноста на Филипче, Заев и Пендаровски кои наместо да се растрчаат и да најдат вакцини се грижат за личните интереси.
За ова одговорност мора да има!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков
-
Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка
-
Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да се стават во опасност односите со Грција и ЕУ перспективата на земјата
-
Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок
-
Косово и САД потпишаа договор за борба против манипулирањето на информации од други држави