ВМРО-ДПМНЕ: СЈО прави нарачана политичка хајка
ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) посочува дека го разбира и поддржува револтот на охриѓани против, како што стои во соопштението, политичката хајка која по нарачка ја спроведува селективното јавно обвинителство.
Од партијата потсетуваат дека правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија, кој во членот 21 вели дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест, а како што наведуваат, заканите од страна СЈО упатени по одржаниот протест се уште еден чин кој се коси со највисокиот правен акт.
- СЈО е срам за правосудниот систем. Повикувањето на околу 200 лица само заради тоа што се членови на една политичка партија не е ништо друго туку дискриминација по политичка и идеолошка основа, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
СЈО, според нив, аболицира криминалци како Заев и Верушевски, а им се заканува на чесни луѓе чиј единствен грев е нивната политичко-идеолошка определба и тоа што одлучиле да донираат за сопствената партија.
- СЈО мора да почне да работи законски. Наместо да продолжува со заканите кон граѓаните, СЈО мора да истражи кој ја нарушува тајноста на истражната и предистражната постапка, постојано лиферувајќи информации по порталите под контрола на СДСМ/Сорос во врска со лицата кои се покануваат на распит. Ваквото непрофесионално и незаконско делување на СЈО не е ново. За нелегалните методи по кои работат, изнудите и заканите веќе се поднесени десетици кривични пријави против одговорните во СЈО. ВМРО-ДПМНЕ не е против СЈО, туку против селективното, непрофесионално и политичко делување на СЈО, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар