Македонија
12. October 2016 - 13:15

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да поднесе барање за распуштање на Собранието, граѓаните сакаат крај на кризата која ја наметна Заев

Поттикнати од вчерашниот собир во организација на СДСМ/Сорос, од нивната празна реторика која ја слушаме десет години наназад, како и од желбата на огромното мнозинство на граѓани кризата наметната од СДСМ да заврши и да се стави крај на политичкото заложништво, конфликтите и деструктивноста, го повикуваме СДСМ уште денес да достави барање до Собранието на Република Македонија за негово распуштање, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Доколку СДСМ собере храброст, го повикуваме Претседателот на Собранието г-дин Трајко Вељановски да ја стави таа точка на дневен ред за да биде разгледана и усвоена. Граѓаните сакаат конечно да заврши кризата во која што СДСМ ја втурна Македонија, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.