ВМРО-ДПМНЕ: СДС да почне да работи на ветувањата дадени пред граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение оценува дека најавите за дебати, уривањето на огради и укинувањето на програми нема да го подобрат стандардот на граѓаните.
Од партијата бараат СДСМ да почне да работи на реализација на ветувањата што им ги дале на граѓаните.
- Тоа што Заев ќе ја урива оградата од Владата или ќе ја укине програмата Кембриџ нема да помогне на економски план каде вети 16.000 денари минимална и 30.000 денари просечна плата. Тоа што Заев сака да се спаси од одговорност за криминалот со покренување на постапка за смена на јавниот обвинител нема да им помогне на докторите да добијат плата од 100.000 денари како што им беше ветено, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека граѓаните очекуваат реализација на проектите што ги ветиле како поврат на 15 процент на ДДВ со кој граѓаните ќе добиеле 30.000 денари годишно приход.
- Повторувањето на грчките црвени линии не им значи ништо на граѓаните кои очекуваат СДС да обезбеди брз влез во ЕУ и НАТО, како што тоа ветија, без притоа да се задира во идентитетски прашања или да се прават договори на штета на македонскиот народ. Граѓаните очекуваат нови 500 километри автопат, без притоа СДС да измислува изговори за наводни застои за автопатите почнати од ВМРО-ДПМНЕ, кои се во крајна фаза на градба, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто