Македонија
10. March 2017 - 17:31

ВМРО-ДПМНЕ: Програмата на Заев е политички памфлет и изборна измама

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја оцени како политички памфлет презентираната програма што би ја имала идната влада, а што ја презентираше на прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев и го повтори предлогот или да ја отфрлат албанската платформа и да прифатат поддршка од страна на ВМРО-ДПМНЕ за малцинска влада или да се оди на нови предвремени избори.  

- Денес аболицираниот криминалец Заев еден час се трудеше преку читање партиски памфлет да ја увери јавноста, а тоа можеше да го направи само со една минута  - да се откаже јасно и гласно од платформата во Тирана. Истиот овој Зоран Заев кој во Швајцарија зборуваше за кантонизација на Македонија денес во седиштето се заплетка во обидот политичкиот став и одлуки да ги сокрие зад идните дебати на експертите од повеќе страни и политички партии, рече на денешната прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Тој побара од Заев да не ја потценува интелегенцијата на македонските граѓани и доколку сака да ги убеди дека води политика која е корисна за Македонија тоа да го докаже со јасно отфрлање на платформата од Тирана, која  е, подвлече, платформа на туѓа држава и нема место во унитарна Македонија.

- Заев уште еднаш потврди дека не го почитува мислењето на граѓаните и дека е уценет и со измама на штета на државните и национални интереси сака да се дограби до власта. Изборна измама значи кога на изборите ќе победите со една програма, а по изборите ќе прифатите уцена за да дојдете на власт и ќе спроведувате друга програма од која што не сакате да се откажете. Затоа Заев денеска не собра храброст да ја отфрли јасно платформата од Тирана и сите елементи што се содржани во неа, рече Милошоски. 

Според него, до вчера Заев иако тврдел дека со ДУИ и Зијадин Села разговарале само за начела и принципи, денеска открил дека има изготвен и предлог-закон за употреба на албанскиот јазик, но ја сокрил неговата содржина, како и дека се разговарало за резолуција за осуда на наводен геноцид врз Албанците во Македонија, но не открил што ќе содржи таа, кога ќе биде донесена и кој ќе биде осуден - Србија, Грција, Бугарија или самата Македонија.

- Зоран Заев конфузно се обиде да ги излаже граѓаните, ја прочита програмата на СДСМ и се сокри зад празните флоскули дека ќе се дискутирало за химната, за грбот, за знамето, но и дека за ота ќе одлучувале експерти. Граѓаните на РМ на изборите не гласаа за експерти, тие гласаа за политичари, за кандидати за пратениции кандидати за премиери. Политичарите, владата и Собранието ќе одлучуваат за изгледот, устројството, Уставот и законите на оваа држава. Затоа непотребно Заев својата прифатена уцена се обиде да ја сокрие зад идните дебати на експертите, рече Милошоски.

Тој истакна дека, манипулациите на Засев за наводни дискусии и идни експертски стручни расправи од типот на експертите на проф. Фрчкоски и Осман Кадриу се само невешт и потценувачки обид да ги измами граѓаните уште еднаш.

- Со измислените дебати кои би се воделе по сите отворени прашања Заев остана со отворена врата за целосна реализација на платформата од Тирана. И затоа денешното обраќање на Заев го цениме како привремено купување време и фасадирање на граѓанското незадоволство на кое тој е сведок од политиките коишто ги води СДСМ со прифаќање на сите уцени само за да се дојде на власт иако беа партија која што ги изгуби изборите, оцени Милошоски.

Заев, како што посочи Милошоски, потврди дека е подготвен да дебатира и по прашањата од платформата како што е итното решавање на спорот за името и вклучување на претставници на сите коалициони партнери во преговорите со соседна Грција.

Тој повторно побара Заев да престане да го потценува македонскиот граѓанин и јасно да ја отфрли платформата од Тирана  или јасно да каже дека истата ќе им ја понуди на граѓаните на следните предвремени парламентарни избори.

- Доколку сте убеден дека тиранската платформа треба да се отфрли тогаш прифатете ја понудата на ВМРО-ДПМНЕ  за малцинска влада која што би ја предводеле, но за која што цена нема да плати Република Македонија на штета на нашите национални интереси. Доколку сте убеден дека платформата од Тирана е позитивна за Република Македонија и за целиот народ тогаш нека се прифати второто можно решение да имаме предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните  и граѓаните нека се изјаснат за секоја програма, платформа, вклучително и за онаа од Тирана доколку во неа верува Заев. Да им дадеме можност на граѓаните да кажат што мислат за платформата од Тирана и дебатите коишто Заев ги најавува околу прашањето за јазикот, за геноцидот, околу прашањето за Уставот, грбот, химната, нека не бидат дебати на експерти коишто можат лесно да бидат монтирани, нека бидат дебати на изборни програми за коишто ќе одлучат граѓаните, рече Милошоски.

На новинарско прашање Милошоски рече дека досегашното неучество на СДСМ и потписниците на нивната листа за добивање мандат во работата на Собранието е договорен политички чин се со цел да се одложат локалните избори коишто трбаше да се одржат по редовен пат во мај оваа година. - Заев е свесен дека доколку излезе сега на локални избори ќе претрпи уште еден, уште потежок изборен пораз. и нивното неучество во Собранието не се должи на ништо друго на никаква опструкција бидејќи секој избран пратеник и пратеничка група има право да покрене иницијатива за избор на претседател на Собранието освен на договорот помеѓу Заев и Зијадин Села, неговиот иден реформатор за одложување на локалните избори, рече Милошоски.

Запрашан за платформата од Тирана, рече ВМРО-ДПМНЕ не разговрал за платформата која што беше осудена од првиот момент, туку се разговарало за употреба на јазиците во општините каде што најмалку 20 проценти се припадници на немнозинската заедница и не се постигнала согласност затоа што ДУИ, посочи, инсистирале на целосна и еднаква двојазичност на целата територија на РМ, а што тие го сметале дека не е во корист на унитарноста на државата. Тука завршија преговорите и тоа беше најгоелмиот камен на сопнување.

- Преговорите сепак ги водевме до крајниот рок се со цел да видиме и да утврдиме еден факт дали ДУИ која што во 2008 година инсистираше и ја молеше цела меѓународна заедница да се прифати коалиција на победник со победник ќе остане на истиот принцип или ќе го погази од себе промовираниот принцип. Се убедивме во второто. И од сега натаму ние немаме никаква обврска да почитуваме принципи коошто некој ги крши кога не му одговара, рече Милошоски.

Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во работата на Собранието согласно сите деловнички правила, но оти не е во позиција да одбере претседател на Собранието. Ќе ги почекаат предлозите но, рече, не исклучено и тие како политичка партија да дадат свои предлози.

На новинарско прашање каде гледа излез од кризата одговори дека решението е СДСМ да ја прифатат поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и да станат малцинска влада, но само доколку не прифатат платформа од друга  држава.

Кога се во прашање државните интерени, тие се најважни. Со цел да ги заштитиме интересите на македонскиот народ би прифатиле да гласаме за малцинска влада, рече Милошки.